This web site will inform you and give you the opportunity to explore the political system of the Republic of Macedonia in detail and the services of the state administration.

Before we start with more detailed introduction we should start from the very beginning. From the historic, the cultural, the spiritual and the state heritage of the Macedonian people and their struggle over the centuries for national and social freedom with the purpose of creating their own state. Macedonia today is based on the legally public traditions of the Krushevo Republic and the historic decisions of the AANLM, but also legally constitutional continuity of the Macedonian state as a sovereign part of Federal Yugoslavia.

The Republic of Macedonia on September 8, 1991 declared independency through a referendum where its citizens freely expressed their will, as a sovereign and independent state of the Macedonian people. A complete civic equality and permanent coexistence with the Albanians, Turks, Romas, and other nationalities living in Macedonia, has been provided as well.

The Republic of Macedonia, according to its Constitution, is declared as an independent, democratic and social state, its political system is of mixed type of government and is divided into 3 parts. That is the executive government (the Government and the President of the Republic of Macedonia), the legislature (the Parliament) and the judiciary (the Court). These three governments operate individually, independent of each other in order to achieve greater effectiveness and efficiency.

The Constitution is the highest legal act in the country. The political system of a parliamentary democracy is established with the Constitution of 1991, which sets out the basic principles of democracy and guarantees the fundamental freedoms and rights of the citizens. The citizens express their will every 4 years in general, democratic, direct and free elections by secret voting.

Lets detail the parts here:

The Parliament of the Republic of Macedonia is the representative body of the citizens, which has the power of passing legislation, adopting laws, altering the Constitution, adopting the Republic budget, ratifying international agreements and other activities stipulated by the Constitution. The Law for Election of MPs allows every citizen that is over 18 years of age, with legal capacity and no criminal record, to be elected. The Parliament is consisted of 120 to 140 members.

The executive is the government branch that executes and enforces the law, adopted by the legislature. The executive of the political system of the Republic of Macedonia is shared between the Government and the President of the Republic. The Government is consisted of the Prime Minister and Ministries. The President of the Republic is the Commander in Chief of the army and his capacities are significantly lesser in day-to-day politics.

The Courts represent the Judiciary. They are autonomous and independent. They implement the Laws, the Constitution and the internationally ratified agreements in their decision making processes. The Judiciary is structured by hierarchy in Primary Courts, Court of Appeals, Administrative Court, Senior Administrative Court, Supreme Court and Constitutional Court. The Supreme Court of the Republic of Macedonia is the highest court of the Republic that ensures the implementation of the law by the lesser Courts. The Legal Council of the Republic of Macedonia (formerly Republican Council) is the control body of the judiciary.

Furthermore, you will meet many informative and intriguing data on this site, regarding the structure, the organization and the function of the government of the Republic of Macedonia. Visit us for a deeper look into further governmental services.


Оваа веб стана ќе ве информира и ќе ви даде можност детално да го запознаете политичкиот системот на Република Македонија и услугите на државната управа.

Пред да започнеме со подетално запознавање  треба да почнеме од почеток. Од историското, културното, духовното и државното наследство на македонскиот народ и од неговата вековна борба за национална и социјална слобода за создавање на своја држава. Денешна Македонија е заснована врз државно – правните традиции на Крушевската Република и историските одлуки на АСНОМ, но исто така и уставно – правниот континуитет на македонската држава како суверена, дел од Федеративна Југославија.

Република Македонија на 8 Септември 1991 година со спроведување на референдум каде граѓаните слободно ја изразуваат својата волја се прогласува за самостојна, суверена и независна држава на мaкедонскиот народ. Воедно се обезбедува целосна граѓанска рамноправност и траен соживот со Албанците, Турците, Власите, Ромите и другите националности кои живеат во Македонија.

Република Македонија, според нејзиниот Устав, се декларира како независна, демократска и социјална држава, нејзиниот политички систем е од мешовит тип на власт и е поделен на 3 дела. Тоа се извршната власт (Владата и Претседателот на Република Македонија), законодавната власт (Собранието) и судската власт (Судот). Овие 3 власти функционираат самостојно, независни една од друга се со цел за поголема ефективност и ефикасност.

Уставот е највисок правен акт во државата. Политичкиот систем на парламентарна демократија е воспоставен со Уставот на Република Македонија од 1991 година, којшто ги поставува основните принципи на демократијата и ги гарантира основните слободи и права на граѓаните. Граѓаните својата волја ја изразуваат на секои 4 години на општи, демократски, непосредни и слободни избори, преку тајно гласање.

Подетален преглед на деловите:

Собранието е претставнички орган на граѓаните но исто така и носител на законодавната власт на Македонија каде се донесуваат сите закони, подзаконски акти, уставни измени, буџетот на Република Македонија, ратификува меѓународни договори и други работи утврдени со Уставот. Според законот на Македонија право за да биде избран за претставник (пратеник) на граѓаните има секој граѓанин на Македонија кој е полнолетен т.е. има над 18 години, има деловна способност и не извршува казна затвор за сторено кривично дело. Собранието го сочинуваат од 120 до 140 пратеници.

Извршната власт е гранка на државната власт чија должност е да ги спроведува законите што ги донела законодавната власт. Извршната власт во Република Македонија е бицефално организирана и ја вршат Владата и Претседателот на државата. Извршната власт пред се е предводена од Премиерот на државата и ресорните министерства. Претседателот на РМ е врховен командант на војската и неговите овластувања се помали во секојдневното водење на политика.

Судовите ја претставуваат судската власт. Судовите се автономни и независни. Тие судат врз основа на Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот. Судството е хиерархиски распределено по следниот редослед: Основен Суд, Апелационен Суд, Управен Суд, Виш Управен Суд, Врховен Суд и Уставен Суд. Врховниот Суд на Република Македонија е највисокиот суд во републиката и обезбедува униформност во имплементацијата на законите од страна на судовите. Судскиот совет на Република Македонија (претходно Републички судски совет) е органот кој ја контролира судската власт.

Понатаму на овој сајт ќе пронајдете многу информативни и интригантни податоци во врска со структурата, организираноста и функционирањето на владата на Република Македонија. Посетете не за подетално да дознаете за одделни услуги.